X
 21.10.2020 Живот

Уникатни солени глечери во Иран

Пред милиони години Персискиот Залив бил поголема водена површина од она што е денес и покривал големи делови од Арапскиот Полуостров и Иран. 

Откако испарила водата и морето се повлекло, останале големи количини сол. Овој слој на сол станал подебел бидејќи се мешал со одрони од планините. Со текот на времето на местото се создале солени „глечери“, кои денес може да се видат во јужните и централни делови на Иран.


Најголемите солени глечери може да се најдат на планината Загрос. Според УНЕСКО, вакви солени глечери не може да се видат на ниту едно друго место во светот. Загрос сè уште не се смета за светско наследство, но наскоро може да стане.



Само во јужниот дел од планината Загрос денес има над 130 солени глечери, а може да се најдат и солени извори, солени долини и солени пештери, меѓу кои е и најдолгата солена пештера во светот - над 6,4 километри.

 

Солените глечери во Иран може да бидат изложени на ризик поради идни истражувања за нафта бидејќи карпите во близина на солените формации често кријат нафта под површината.

Автор: Кошник Патовари
Извор: amusingplanet.com
Фото: Flickr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот