X
 21.11.2018 Технологија

Ајфон-трик што помага во поправање и на најголемите грешки

Овој трик ќе ви го олесни испраќањето пораки, а луѓето не можат да веруваат дека постои толку долго и дека штотуку дознаа за него.

Поместувањето на ајфон-стрелката понекогаш може да се претвори во вистински пекол, без оглед на тоа колку се обидувате да бидете прецизни. Полесно е да ја избришете цела порака и да почнете од почеток отколку со стрелката да се обидувате да ја промените буквата или зборот.

Но како што забележува една блогерка, ова може да се избегне ако притиснете само едно копче на тастатурата - спејсбарот.

Оваа функција е достапна од 2015 година на ајфон-телефоните, но се чини дека многу луѓе не знаат за неа. По овој трик се јавија и други корисници што забележаа дека не е потребно да се држи спејсбарот, туку тоа може да се направи со кое било копче на тастатурата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија