X
 22.04.2018 Култура

Новата сезона од серијата „Гениј“ посветена на Пабло Пикасо

Во недела започнува втората сезона на интересната биографска серија „Гениј“ на „Нешнл Џиографик“. Серијата прикажува детални и елаборирани животни приказни на исклучителни луѓе, генијалци, чии имиња ги знат сите. Откако во првата сезона, низ десет епизоди, беше портретиран еден од најголемите научници, Алберт Ајнштајн, новата сезона ќе започне да се прикажува овој викенд, а ќе го следи животот на Пабло Пикасо.

pikaso

Првата сезона беше прилично добро прифатена и од критичарите и од публиката. Серијата беше номинирана за Еми награда, Златен Глобус и Гилд награда, додека на „ИМДБ“ има оценка 8.4. По она што може да се забележи од досега објавените трејлери од втората сезона, приказната за Пикасо не треба да биде ништо помалку. И во втората сезона главниот лик повторно е големо име. Пикасо ќе го глуми големата ѕвезда Антониот Бандерас.

Приказната за животот на Пикасо


Втората сезона ќе го следи животот на Пикасо, од детството во шпанската Малага, каде Пабло учи сликарство од неговиот татко, наставник по ликовна култура во провинцијалско училиште. Потоа ќе се прикажува растењето на Пикасо и техничкото усовршување, откажувањето од формалното образование што му го плаќал богатиот вујко и боемскиот живот во Барселон и Париз на почетокот на минатиот век. Потоа приказната го следи уметничкиот развој на Пикасо, неговите почетнички фрустрации, љубовниот живот и психолошката позадина.

Другиот дел од втората сезона ќе биде посветен на Пикасо како средовечен човек, во текот на неговите четриесетти. Епизодите го следат легендарниот љубовен живот и влијанието на жените во неговите уметнички дела, но и ликовната уметност во 20-от век. Серијата е снимена во Париз, Малага, Барселона, Будимпешта и Малта. Интересно е тоа што во серијата се појавуваат и различни историски личности што го обележале времето во кое се одвива серијата - Коко Шанел, Анри Матис и др.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура