X
 01.05.2025 Култура

Петтата сезона од „Ти“ ги подели гледачите и критичарите: Очекувањата беа поголеми

Петтата сезона од популарната серија на „Нетфликс“ - „Ти“, со Пен Беџли во главната улога, почна да се емитува на 24 април и веднаш стана една од најгледаните во повеќе земји. Како и претходните сезони, и оваа брзо ѝ го привлече вниманието на публиката, но реакциите се поделени.

Првичните критики се претежно позитивни, но последните епизоди предизвикаа мешани чувства кај гледачите.

Дејството во оваа сезона се одвива околу три години по случувањата од крајот на четвртата сезона. Џо Голдберг сега води навидум стабилен живот со својата сопруга Кејт Локвуд и нивниот син Хенри, кој го има од поранешната партнерка Лав.

Во новата сезона се открива дека Џо не убил никого од последниот пат кога публиката го видела. Тој сега има беспрекорна репутација и завидна финансиска сигурност. Но, неговата мрачна страна и минатото полно со насилство се закана за сè што има постигнато.

Иако петтата сезона беше објавена неодамна, таа веќе собра многу оцени и коментари. Според првичните рецензии на критичарите, на „Ротен томејтос“ серијата има рејтинг од 81 отсто, но гледачите ѝ доделија значително пониска оценка - 56 отсто.

Критичарите ја оценија серијата како одлична, забавна, а петата сезона нуди сè што гледачите досега немаа можност да видат.

Сепак, не се сите задоволни. Дел од публиката смета дека ликот на Џо станал досаден, а други очекувале поимпресивен крај. Од друга страна, има и такви што се уверени дека петтата сезона е најдобрата досега.



Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура