X
 22.05.2018 Образование

Заврши уште едно успешно издание на проектот Лидер во организација на Македонија2025

На 18-ти мај заврши единаесетото издание на проектот Лидер – целосно бесплатна десетдневна обука за бизнис и менаџмент, каде по комплетирањето на финалните презентации учесниците се стекнаа со сертификат од реномираната канадска школа за бизнис Ричард Ајви.



Првото место го освои Олга Рајчиќ за идејата „EcoGrower“ - стопроцентно природно и органско ѓубриво. Второто место му припадна на Тодор Панев за идеја поврзана со онлајн продажба, додека третото место го освои Маја Костовска за социјално одговорен бизнис.

„Благодарна сум што покажаа доверба во производот што сакаме да го лансираме на македонскиот и на странскиот пазар. Се надевам дека ова ќе биде отскочна даска и дека ќе допринесам за развојот на македонското земјоделство и генерално за компанијата во која работам.“ - изјави победничката Олга Рајчиќ.

Извршната директорка на Македонија2025 – Билјана Марковиќ Стаменова нагласи дека преку поддршката на Македонија2025, пред две години проектот Лидер започнал да се реализира во Србија, а од минатата година и во Босна и Херцеговина.
„Среќни сме што годинава за првпат тројцата победници од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ќе имаат шанса заеднички да ги претстават своите бизнис идеи пред регионално и меѓународно жири, благодарејќи на проектот финансиран од Фондот за Западен Балкан – Western Balkans Fund. На овој начин, значително ќе се зголеми видливоста, содржината и самиот импакт на програмата.“ - потенцираше Марковиќ Стаменова.



Како дел од активностите на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, деветте победници најпрвин ќе ги презентираат своите бизнис идеи на 22-ри јуни во Белград (Србија), потоа на 9-ти август во Сараево (Босна и Херцеговина) и на 7-ми ноември во Скопје (Македонија), за време на Самитот на Македонија2025.

Покрај шансата за регионално претставување, победниците на проектот Лидер во Македонија исто така освоија и бесплатни влезници за претстојниот Самит на Македонија 2025.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование