X
 22.10.2018 Култура

Најдобрите земји за работа за иселениците

Ако размислувате за преселување во друга земја за работа, некои дестинации имаат подобри услови од другите. Британската компанија „ХСБЦ“ неодамна го спроведе своето годишно истражување „Експат Експлорер“, глобална анкета која испитала 22.318 испитанции од 163 различни земји. Анкетата ги споредила земјите врз основа на економијата, искуството и семејниот живот. Победник е Сингапур - 47 отсто од испитаниците изјавиле дека направиле повеќе пари и го подобриле здравјето и благосостојбата и за нив и за нивните семејства во оваа земја.

Ако сакате да заработите повеќе пари, најдобар избор за тоа е Швајцарија. Луѓето кои се преселиле таму за работа забележале зголемување на просечниот годишен приход за 61.000 долари, со што просечната плата на иселениците била 203.000 долари.

Можете сами да ги споредувате земјите со помош на веб-алатката на „ХСБЦ“ тука. Рангирањето може да се направи и според местата каде луѓето имале најмногу заштеда или расположлив доход или места каде луѓето мислат дека имаат добра рамнотежа меѓу работата и животот. Сите се фокусирани под истите категории: лични финансии, локална економија и кариери.

Според истражувањето, најдобрите земји за сите три категории се:

Сингапур
Нов Зеланд
Германија
Канада
Бахреин
Австралија
Шведска
Швајцарија
Тајван
Обединети Арапски Емирати
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура