X
 22.10.2020 Образование

Македонија е домаќин на Европската конференција за млади инженери – пријавувањето трае до вторник

Околу 150 млади инженери од земјава, Европа и од Австралија ќе учествуваат на 46. Европска конференција за млади инженери што идниот петок ќе се одржи во Македонија. Поради пандемијата, конференцијата ќе се одржи онлајн. Темата е Bridging Engineering Perspectives, а целта на конференцијата е да спои млади инженери од различни здруженија во Европа за да споделат знаења и да развијат лични и професионални вештини. Собирот на млади инженери ќе трае до недела (1 ноември).

Организатор на конференцијата е Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија, а покровител е претседателот Стево Пендаровски. Темата ќе понуди иновативни панел-сесии, работилници, презентација на компании и препознавање на новите предизвици на индустрискиот сектор. Генерални директори, универзитетски професори, експерти и професионалци од неколку индустрии ќе имаат можност да ги пренесат своите знаења, со цел младите инженери кај нас, а и во цела Европа да ги осознаат практиките и проблемите во инженерскиот сектор, притоа дефинирајќи ги нивните решенија.

Повеќе за конференцијата можете да прочитате ТУКА. Рокот за пријавување е вторник (27 октомври), а може да се пријавите на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование