X
 23.04.2018 Култура

Скриена комуна со 400 жители, има само едно правило

Серенбе е екокомуна скриена меѓу 400 хектари шумско подрачје, јужно од Атланта во САД. Заедницата е создадена пред петнаесетина години според дизајнот на архитектот Филип Таба и идеите на брачната двојка Најгрин, која живее таму.

Основна идеја на комуната е живот без стрес, односно според принципите по кои живееле предците. Членовите на заедницата живеат во хармонија со природата. Јадат исклучиво органска храна што се одгледува на локални фарми, а на располагање имаат и три гурмански ресторани.оплотни пумпи, а големо внимание посветуваат на своето здравје и на физичката кондиција. Жителите на Серенбе работат во градина, јаваат коњи и каде што можат – одат пешки.

Комуната присвојува содржини за кои има најголем интерес без разлика на годините, како што се велнес-центар, фитнес-центар со простор за јога и пилатес, а на располагање е и голем заеднички базен.

Во Серенбе се почитува љубовта кон природата, страста кон животот и заедницата, како и креативноста. Комуната ја поттикнува креативната работа, па редовно организира многубројни уметнички предавања, изложби, прикажување филмови за своите членови, како и за нивните гости.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура