X
 23.05.2025 Технологија

Видео: Напреден робот за нега на стари лица

За да го решат предизвикот за грижата за старите лица, инженери од МИТ се свртуваат кон роботиката. Тие го изградиле и тестирале роботот за физичка помош на постари лица „E-БАР“, дизајниран физички да им помага на постарите лица и да спречува да паднат додека се движат низ своите домови.

Роботот функционира како збир на роботски контроли што го следат лицето одзади. Корисникот може да оди самостојно или да се потпре на рацете на роботот за поддршка. Роботот може да ја издржи целата тежина на една личност, кревајќи ја од седечка во стоечка положба и обратно, по природна траекторија. А роботските раце можат брзо да се надуваат со странични воздушни перничиња ако лицето почне да паѓа, како што можете да видите во видеото.

Во тековната верзија, роботот се управува со далечински управувач, но во идните верзии тимот планира да автоматизира голем дел од функционалноста, дозволувајќи му автономно да го следи и физички да му помага на корисникот. Истражувачите, исто така, работат на поедноставување на уредот за да го направат потенок и полесен за маневрирање во мали простори.

- Мислам дека грижата за стари лица е следниот голем предизвик. Сите демографски трендови укажуваат на недостиг на лица што се грижат за другите, поголем број постари лица и силна желба постарите лица да останат што е можно поздрави и помобилни - вели Роберто Боли од Одделот за машински инженеринг на МИТ.

Извор: m.vidi.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија