X
 23.09.2017 Култура

Препорачливо е да не ги пребарувате овие поими на „Гугл“

Покрај тоа што пребарувачот „Гугл“ може да ни биде од голема помош и корист, во некои ситуации се случува обратното. Веб-сајтот „Брајт сајд“ направи листа на поими кои би било пожелно да не ги „гугламе“:

Симптоми на болести


Постојат многу страници на интернет кои се „специјализирале“ за содржини во врска со здравствени проблеми и болести, но многу од нив не ги уредуваат стручни лица. Ако го пребарувате значењето на забележаните симптоми на интернет, дефинитивно нема да си помогнете. Напротив, ќе се чувствувате уште полошо и ќе се испаничете. Ако имате какви било здравствени проблеми, немојте да го прашувате „Д-р Гугл“, туку закажете преглед кај вистински доктор.

Што било поврзано со криминал

Ова е веќе нешто посериозно. Можеби ќе ви падне на памет, од чиста љубопитност  да пребарувате „како да се направи бомба“ или „како да се направат амфетамини“. Имајте на ум дека разни безбедносни служби се занимаваат со следење на компјутерите од кои пребарувате вакви проблематични содржини, и токму вашата IP адреса да се појави во базата.

Рак

За ваквите болести, колку помалку знаете – толку подобро ќе спиете. Постојат многу типови рак, и повеќето од нив имаат исти или слични симптоми како и несериозни здравствени проблеми, како вртоглавица, слабост, мачнина... Голема е веројатноста да ги помешате со нешто сериозно и да почнете да паничите.

Наезда на паразити од креветот

Веројатно сте слушнале за овие мали монструми на рекламите за антибактериски перници и слично. А можеби сте и алергични на нив. Но, дали некогаш сте помислиле како изгледа наезда на овие паразити? Ако и понатаму сакате да спиете како бебе во својот кревет, немојте да гледате како изгледа тоа – никогаш.

Промени на кожата

Сигурно некогаш сте забележале некаква промена на кожата и сте помислиле да „гуглате“ за да дознаете нешто повеќе. Но, во иднина воздржете се од тоа. На интернет постојат многу слики од болести на кожата кои изгледаат прилично вознемирувачки.

Породување

Најверојатно сите сме виделе ваква филмска сцена. Жените викаат и офкаат, докторите се обидуваат да ги смират, сето тоа изгледа многу стресно, дури и на филм. Сепак, вистинскиот процес е многу повознемирувачки, и она што го гледаме на филм нема врска со реалноста. Истото важи и за царскиот рез. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура