Нашиот мозок никогаш не бил изложен на толку големо количество информации како денес.
Секојдневно се менуваат слики, звуци и пораки кои постојано го бараат нашето внимание. Иако технологијата носи многу придобивки, експертите предупредуваат дека сѐ почесто го занемаруваме она што му е најпотребно на мозокот, а тоа е одморот.
Неврологот д-р Бајбинг Ченг истакнува дека современиот начин на живот постојано го стимулира нервниот систем и го нарушува природниот ритам на концентрација и обновување.
- На нашиот мозок му е потребно време без дразби за да закрепне и да ја задржи способноста за длабок фокус - вели тој.
Д-р Ченг, познат и како д-р Бинг, предупредува на негативните последици од прекумерното пишување и постојаното скролање на мобилниот телефон. Тој објаснува дека континуираната употреба на телефонот може да предизвика пет сериозни проблеми во функционирањето на мозокот, а првиот е т.н. допаминско преоптоварување.
- Секојпат кога ќе поминете со прстот преку екранот, мозокот добива мала доза на допамин - хемикалија што создава чувство на награда. Со текот на времето, мозокот почнува да копнее по тие кратки налети на новини наместо по долготрајниот, фокусиран напор - објаснува докторот.
Како последица на тоа, се појавува пократок распон на внимание и чувство дека е тешко да се прочита книга или да се следи предавање.
- Постојаните нови содржини што мозокот ги прима преку скролање го тераат префронталниот кортекс постојано да скока од една работа на друга, па реалноста почнува да изгледа пребавна - наведува д-р Бинг.
Тој додава дека постојаната надворешна стимулација ја намалува креативноста бидејќи мозокот нема време за ментален одмор и длабоко размислување. Кога тој процес ќе се прекине, се губи способноста за рефлексија и создавање нови идеи.
Освен тоа, доаѓа до емоционална десензибилизација и зголемена анксиозност.
- Премногу брзи и контрастни емоции - шокантни, смешни и тажни содржини во краток временски период, можат да ја намалат нашата чувствителност и емпатија - предупредува докторот и додава дека мозокот не е создаден за постојано да прима нови вести.
- Постојаното менување на содржини ја исцрпува работната меморија, ги активира круговите на стрес и нѐ остава ментално исцрпени - вели тој.
Заклучокот е едноставен. На нашиот мозок не му се постојано потребни нови дразби, туку моменти на тишина во кои човек повторно се поврзува со самиот себе.
Извор:
Atvbls.rs
Фото: Unsplash