X
 24.01.2020 Технологија

„Тиндер“ ја засилува безбедноста

Платформата за нови познанства „Тиндер“ воведува „копче за паника“ и други поставки што ќе ја зголемат безбедноста на корисниците.

Новите функции вклучуваат итна помош, сигнал за следење и проверка на фотографиите. Новините во САД ќе се воведат од 28 јануари. Не е соопштено кога ќе бидат достапни на светско ниво.

Компанијата „Меч груп“, која ги поседува и Плени-оф-фиш, Ок-Купис и Хинг, планира да ги воведе новите опции и на овие апликации до крајот на 2020 година.

Пред средбата со некој од „Тиндер“, корисникот ќе може, притискајќи го „копчето за паника“, да добие податоци за безбедноста на договореното место. Проверката на сликите служи за утврдување дали некој користи лажен идентитет. Во тој случај од другиот корисник ќе биде побарано да ја потврди веродостојноста на својата профилна слика со тоа што ќе направи неколку селфиња во реално време.

Компаниите што нудат вакви услуги честопати се критикувани поради недоволната безбедност на своите програми.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија