X
 24.02.2023 Живот

Поради Вил Смит и инцидентот со шлаканицата, „Оскарите“ воведуваат кризен тим

Академијата за филмски уметности и науки за годинашните „Оскари“ претстави кризен тим, а сето тоа поради минатогодишниот инцидент со Вил Смит и Крис Рок.

Кризниот тим е задолжен за вонредни ситуации, како што беше шлаканицата лани, а вакво тело досега немало на ниту една церемонија на „Оскарите“.

- Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што можат да се случат на „Оскарите“. Имаме цел кризен тим, нешто што никогаш претходно не сме го имале, и многу планови за различни можни сценарија. Се надеваме дека тимот ќе биде подготвен за што и да се случи - вели Бил Крамер, извршен директор на Академијата.

Крамер нагласи дека оваа година домаќин на наградите ќе биде Џими Кимел, кој заврши одлична работа во 2017 и 2018 година и треба да гарантира дека работите ќе се одвиваат во најдобар ред.

- Кимел е навикнат на сѐ што носи телевизијата во живо и е свесен дека работите не секогаш одат според плановите. Кимел е водител кој знае како да се справи со такви ситуации - објаснува Крамер и нагласува дека минатата година за време на инцидентот со Смит, Рок требаше да реагира многу подобро.

За потсетување, Крис Рок во својот говор на минатогодишното доделување на „Оскарите“ ја спомена Џејда Пинкет Смит. Смит првично се насмеа на шегата, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, и тој се налути, па се качи на сцената и му удри шлаканица на Рок. Оваа шлаканица му донесе десетгодишна забрана да се појави на доделувањето на наградите.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот