X
 24.04.2018 Образование

ЕФИС ги отвора вратите за родителите на идните ученици

Интернационалното француско училиште ЕФИС од Скопје деновиве ги отвора своите врати за сите родители што се заинтересирани нивните деца да учат во ова училиште од наредната година. Отворената недела ќе трае до 26 април.
- Не станува збор за маркетиншка операција, туку да им се даде можност на сите оние, а знаеме дека се многу, што се грижат за школувањето на своите деца да присуствуваат за време на наставата – велат од ЕФИС.

 
Од училиштето предлагаат родителите да се запознаат со неколку педагошки активности во различни групи и одделенија и кај различни возрасти на ЕФИС - од градинка до предметна настава. Вратите ќе бидат отворени од 9 до 12 часот. На следниот линк може да го пополните формуларот за посета на училиштето.
На располагање ќе ви биде и кратка презентација за оваа институција, како и предноста на францускиот образовен систем.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование