X
 24.07.2025 Живот

Дали сте слушнале за „специјалисти за мириси“?

Работа што бара секој ден да мирисате и да избирате најдобри мириси? Звучи совршено. Токму тоа е работа на „специјалистите за мириси“ во компанијата „Симрисе“ во Хановер, а тие се всушност „виновниците“ за тоа како мирисаат многу популарни омекнувачи, но и други производи за тело и за домот.

Во седиштето на компанијата „Симрис“ во Холцминден, мирен град јужно од Хановер, секој ден во компанијата, во внатрешната школа за парфимерија, почнува на ист начин: со мирисање десетици мали шишенца со преврзани очи.

Додека во луксузните куќи за парфеми уметниците создаваат мириси за луксузни спрејови за тело, експертите на „Симрис“ работат на секојдневни производи: од паста за заби со мирис на нане до чипс со вкус на месо на скара.

- Тоа е како да го штимате музичкиот инструмент пред да свирите - вели Алисија де Бенито Касадо, 32-годишна поранешна професионална пијанистка од Шпанија.

Нејзиниот премин кон развој на мириси бил природен чекор - како тинејџерка правела свои парфеми кои се поклопувале со поезијата и музиката што ги пишувала.

- За мене, не мора сè да мириса убаво. Страшните мириси ни помагаат да се запознаеме себеси - вели таа.

Сепак, комерцијалните клиенти бараат нешто поинакво.

- На крајот на краиштата, мораме да создадеме мириси што се силни, убави, моќни и достапни - додава Касадо.

„Мирисањето“ е работа со полно работно време


„Мирисањето“ е работа со полно работно време и бара тригодишна обука.

1
Фото: Freepik

Мирисот на омекнувач може да се состои од 80 соединенија, многу повеќе отколку во врвен парфем за тело, а најдобрите „специјалисти за мириси“ можат да разликуваат повеќе од 1.000 различни мириси со врзани очи.

Способноста да се разложат мирисите на нивните хемиски компоненти е клучна.

- Како дете, мирисот на јасмин го чувствував како цвет. Сега ги препознавам хемикалиите: тоа е мешавина од многу елементи - раскажува Касадо.

Студентите мерат состојки до милиграм, мешаат, мирисаат и почнуваат одново, често реплицирајќи постојни мириси за да ја разберат нивната структура, а потоа иновираат.

- При развојот на парфемот, многу е важно неколку луѓе да го помирисаат. Секој од нас ги доживува мирисите поинаку - вели 56-годишниот Марк Фом Енде, шеф на школата.

Правилата за создавање парфем се менуваат со времето. Лилијал, хемикалија која некогаш беше ценета поради своите цветни и слатки ноти, е забранета во Европската Унија од 2022 година поради стравот дека може да предизвика иритација на кожата и да го оштети репродуктивниот систем.

Мирисите што се нанесуваат директно на телото имаат построги регулативи од детергентите, вели 27-годишната Атија Сетаи.

- Поограничени сме во однос на суровините и мораме да ги замениме забранетите состојки со нови состојки усогласени со стандардите - вели таа.

Исто така, вкусовите се разликуваат на глобалните пазари, а Шангјун истакнува пример на кинески шампони кои се добро прифатени од младата публика таму, но тешко дека би се продавале во Европа.

- Нешто старомодно во една земја може да биде ново некаде на друго место - вели тој.

И цената игра голема улога. „Симрис“ екстрахира ароматични соединенија од дрвна смола, нуспроизвод од хартиената индустрија, во потег кој има економска и еколошка смисла, вели Фом Енде.

Вештачката интелигенција сè повеќе игра улога, со компјутерски програми што предвидуваат кои мириси ќе бидат успешни. Сепак, машините сè уште не можат да го почувствуваат мирисот, иако можат да разбираат говор и да читаат текст.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот