X
 24.08.2018 Технологија

Trainer stories: една поинаква приказна кога станува збор за програмерските работи

Trainer stories претставуваат успешни приказни (од тимот) тренери на СЕАВУС Едукативен и Развоен Центар, со цел да ги мотивираат и охрабрат сите оние кои имаат желба да направат промена на професионално ниво, а притоа немаат никакво или имаат многу мало познавање од областа за која се определиле.

Ја споделуваме приказната за почетоците и досегашното искуство на тројца млади и амбициозни тренери кои „од нула“ ја имаат започнато својата кариера на Академијата за Веб програмирање во СЕАВУС Едукативен и Развоен Центар.

За оние кои не ги познаваат, ви ги претставуваме Катерина Велоска, Ристе Теговски и Џево Ибраими или едноставно Кате, Ристе и Џево 

Како ја започнавте Вашата приказна како тренер во SEAVUS едукативниот и развоен центар? Кое е вашето искуство во оваа академија?

Ристе: Мојот ангажман на академијата за веб програмирање започна веднаш по завршувањето на едногодишните студии во SEDC. Првиот ангажман ми беше во улога на асистент, потоа се вработив во Seavus и веќе наредната година ја добив улогата на тренер.

Моето искуство со академијата е од различни аспекти, односно и како студент, и како асистент / тренер, но и како вработен во Seavus. Тренерите и асистентите се лица кои секојдневно работат како програмери, па тоа придонесува да споделат практично знаење и да применат најнови технологии, што е клучно во оваа професија. Тие се проактивни, секогаш достапни и расположени за помош и прашања.

Кате: Со SEDC за прв пат се сретнав како студент на Академијата за Програмирање пред 2 години кога се запишав. По завршувањето, минатата година ме повикаа да се приклучам на тимот на предавачи. Супер е кога можам да го споделам знаењето што го стекнав токму на оваа Академија со следни генерации и да им помогнам при остварување на тоа што го замислиле. Дополнителен предизвик ми е тоа што сум една од неколкуте жени - предавачи на Академијата, во област за која за жал се’ уште има стереотипи дека е „машка“.

Џево, како знаевте дека програмирањето е Ваша професија?

Џево: Како студент во SEDC имав феноменални предавачи, благодарение на нив се наоѓам на оваа позиција и го работам она што го сакам. Сега, кога и јас сум дел од тимот ја имам можноста несебично да го пренесам моето знаење и да го споделам моето искуство со останатите. Ова е професијата со која можам да се занимавам до пензија.

Што значи да се биде програмер? Како таков, кои се вашите обврски на Академијата? Што опфаќа вашиот предмет од Академијата за Веб Програмирање?

Ристе: Да се биди програмер значи секојдневно решавање на проблеми и совладување на препреки. Во тој процес клучно е да се внимава на квалитетот и на перформансите како и да се биде во тек со најновите технологии и трендови во светот. Накратко, да се биде програмер значи секојдневно соочување со нови предизвици, учење на нови технологии и постојано стекнување со нови знаења.

Најпрво, за да се биде успешен тренер клучно е да се има желба да се сподели стекнатото знаење и искуство. Исто така, потребно е секојдневно надополнување на знаењето со најнови технологии со цел истото да се пренесе на студентите. Мојот ангажман на академијата е поврзан со неколку предмети како што се JavaScript, WebApi и Data driven development.

Дали некој може да стане програмер „од нула“ и колку време е потребно да се стане програмер? Колкаво беше вашето познавање на оваа дејност од претходно? Дали годините се предуслов?

Кате: Пред да се запишам немав никаква основа, програмрањето за мене беше скроз непозната тема. Заедничко со мојата дотогашна професија (филолог) беше учењето јазици (секако, не програмерските). Нормално, трудот кој требаше да го вложам за да стигнам до едно задоволително ниво беше огромен и да, треба да се загрее столчето, но на крај се исплаќа.

Јас сум living proof за тоа дека воопшто не е потребно да се има некое предзнаење пред да се започне на Академијата, а сепак, со доволно труд и волја да се успее. Пред некое време прочитав статија за жена од Јапонија која започнала со кодирање на 80 години и ја искреирала својата прва мобилна апликација. Доказ дека возраста не е пречка за да се научи нешто ново па дури и да се направи промена на професионално поле.

Џево: Нашите предавања ги посетуваа луѓе со различни профили – економисти, правници итн. кои сакаа да направат промена и преминат во друга професија – тоа се денес успешни програмери!

Никогаш не е доцна да се почне од нула.

Годините не се предуслов – јас започнав на 20 години и се уште сум млад, а со труд и љубов кон оваа професија, добив можност да се вработам во Seavus и да учам од најдобрите.

За што стануваат стручни (експерти) кандидатите кои ја посетуваат Академијата за веб програмирање. Што ги очекува потоа?

Ристе: По завршувањето на академијата студентите стануваат стручни во полето на веб програмирање. Тоа подразбира креирање на веб апликации и веб страни. За време на академијата се учи целиот life cycle на креирање на веб апликации од front-end до back-end.

По завршувањето на академијата студентите ги очекуваат голем број на предизвици, нови нивоа за достигнување и голем број на фирми каде што можат да го покажат своето знаење и истото да го надградат и прошират.








*комерцијален текст
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија