Една навидум едноставна математичка задача деновиве предизвика бурна дебата на интернет и на социјалните мрежи. Илјадници корисници се вклучија во дискусијата околу решението на задачата:
9 - (9 : 9) + 9 - (9 : 9) = ?
На прв поглед, задачата изгледа лесна, но се покажа дека не сите стигнале до ист резултат. Некои згрешиле со пресметувањето, занемарувајќи го правилниот редослед на аритметичките операции, што довело до неточни одговори.
Еве како точно се решава задачата:
Најпрво се решаваат изразите во загради:
9 : 9 = 1, па задачата станува:
9 - 1 + 9 - 1
Потоа се пресметува по ред, од лево кон десно:
9 - 1 = 8
8 + 9 = 17
17 - 1 = 16
Точниот одговор е: 16.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Freepik