На голем број луѓе математиката им задава главоболка, па токму поради тоа е најомразениот училишен предмет.
Но, според новото истражување спроведено на ВУ Универзитетскиот медицински центар во Холандија, причина за тоа што на многу луѓе не им оди математиката може да се поврзе со недостатокот на хормони во тироидната жлезда на мајката во текот на бременост. Покрај тоа, ако вашата мајка имала недостаток на хормонот тироксин, за 60% се зголемуваат шансите да бидете слаби во математиката.
Истражувањето покажало дека жените со недостаток на хормонот тироксин, се склони да раѓаат деца чии ментални способности побавно се развиваат во текот на раното детство. Наодите од холандскиот универзитет се првите кои го поврзуваат недостатокот на хормонот со способностите на детето со одреден училишен предмет.
„Дали проблемот останува во детето кога тоа ќе достигне зрелост, останува да видиме. Ние продолжуваме да ги следиме со цел да дадеме одговор на ова големо прашање“, вели водечкиот истражувач Д-Р Мартјин Финкен.
Тимот на овој доктор го мерел нивото на тироксин кај мајките на 1.196 здрави деца, кога биле во 12-та недела од бременоста. После раѓањето, тие го следеле напредокот на децата до 5 години, кога ги тестирале нивните јазични и аритметички способности. Така, истражувањето покажа дека пет годишните деца чии мајки во третиот месец од бременоста имаат најниска концентрација на тироксин, имаат двојно поголеми шанси да родат дете кое ќе има математички знаења под просекот.
Решението е млеко и риба
Истражувачите сметаат дека ова истражување е доста важно бидејќи во иднина, преку хормонски тест може да се утврди кое дете треба на училиште да седи дополнителни часа или на кое дете му е потребно дополнително објаснување по математика.
Во иднина, може и да се направи третман за додавање на хормонот кај оние деца кај кои недостастува.
Коментирајќи го истражувањето, британскиот експерт за тироидна жлезда, професорот Џон Лазарус објаснува дека во раната бременост детето не е во можност да произведува тироксин, туку зависи од она на мајката. Но, професорот Лазарус наведува дека главната состојка на тироксинот е јодот кој во големи количини може да се најде во рибата и млекото, такашто со поголемо внесување на оваа храна, мајките ќе можат доволно да произведат. Тој нагласува дека бремените жени без проблем смеат да внесат од 100 до 150 грама јод секојдневно, а на тој начин може да се соречи и евентуална ментална слабост кај нивните деца откако ќе се родат.