X
 26.05.2015 Образование

Задачата која го излуди светот има и продолжение

Се сеќавате на проблемот со Алберт, Бернард и Шерил? За него се измачија многумина читатели. Задачата беше напишана од Џозеф Џео Бун Вуи од Сингапурскиот институт за образование и првпат се појави на Математичката олимпијада во Азија.


Професорот направи и продолжение на задачата. На познатите имиња им се придружува и Дениз.

Алберт, Бернард и Шерил станале пријатели со Дениз и сакале да дознаат кога ѝ е роденден. Дениз им дала листа од 20 можни датуми:

17 февруари 2001, 16 март 2002, 13 јануари 2003, 19 јануари 2004
13 март 2001, 15 април 2002, 16 февруари 2003, 18 февруари 2004
13 април 2001, 14 мај 2002, 14 март 2003, 19 мај 2004
15 мај 2001, 12 јуни 2002, 11 април 2003, 14 јули 2004
17 јуни 2001, 16 август 2002, 16 јули 2003, 18 август 2004.

Потоа, Дениз му го кажала денот на Бернард, месецот на Алберт, а на Шерил ѝ ја кажала годината на раѓање. Следи разговорот:

Алберт: Не знам кога е родена Дениз, но знам дека Бернард не знае.

Бернард: Јас не знам кога е родена Дениз, но знам дека Шерил не знае.

Шерил: Не знам кога е родена Дениз, но знам дека Алберт не знае.

Алберт: Сега знам кога е родена Дениз.

Бернард: И јас.

Шерил: И јас.

Па, кога ѝ е роденден на Дениз?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование