X
 25.06.2023 Образование

Две бронзи и две пофалници за македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Два бронзени медали и две пофалници освоија нашите олимпијци на 5. Балканска олимпијада по физика, која се одржа во Драч, Албанија од 23 до 25 јуни 2023, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Оттаму истакнаа дека Искра Нечаковска, ученичка во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола и Дамјан Стојанов, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освоиле бронзени медали, додека Матеа Митревска, ученичка во втора година, ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје добила пофалница и награда за целосно решена задача и Андреј Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје добил пофалница.

Водачи на тимот биле проф. д-р Ламбе Барандовски вонреден професор на ПМФ во Скопје и претседател на ДФРМ и Гоце Геговски, виш лаборант на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и тимот што ги подготвуваше олимпијците.

Колку за потсетување, пред само неколку дена, македонски средношколци се вратија со четири медали и една пофалница од Европската олимпијада по физика.

Фото: ДФРМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование