X
 25.09.2025 Технологија

Оваа опција на „Вибер“ им го открива вашиот приватен живот буквално на сите

На прв поглед изгледа безначајно, но една поставка во апликацијата „Вибер“ може да открие за вас многу повеќе отколку што мислите. Ако опцијата остане вклучена, секој може да види кога сте активни и да ги следи вашите навики.

Опцијата „Прикажи статус на активност“ им овозможува на вашите контакти да видат дали сте онлајн и кога последен пат сте ја користеле апликацијата. Тоа значи дека некој лесно може да го следи вашето движење, времето кога спиете, кога сте на работа и колку често го користите телефонот.

Уште една опција што влијае врз приватноста - „Прикажи прочитани пораки“


Ако опцијата „Прикажи прочитани пораки“ е вклучена, оној што ви испратил порака веднаш знае дали сте ја виделе и кога. Ова може да создаде притисок да одговорите веднаш, а во погрешни раце може да открие информации што не сакате да се споделуваат.

Како да ги исклучите опциите и да ја заштитите приватноста на „Вибер“?

За да ја задржите контролата над вашата приватност, следете ги овие чекори:

- Отворете „Поставки“ во апликацијата;
- Одете на Приватност > Статус на активност и исклучете ја оваа опција;
- На истото место можете да ја исклучите и опцијата „Прикажи прочитани пораки“.

Кога ќе ги исклучите овие опции, никој нема да може да види дали сте онлајн или кога последен пат сте биле активни.

Зошто е важно да ги исклучите овие опции?


Иако се работи за навидум неважни поставки, нивното вклучување може сериозно да ја загрози вашата приватност. Со исклучување на статусот на активност и прочитаните пораки го штитите вашиот дигитален живот, спречувате следење и добивате поголема контрола над сопствената комуникација.

 

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија