X
 26.08.2019 Технологија

Дизајнери сакаат да им стават нозе на 3Д-печатачите и да ги пуштат да скитаат по светот

Иницијативата наречена „Брејк д грид“ има план за поправка на околината, а според тој план, 3Д-печатачите би требало да се оспособат автономно да го навигираат светот околу нив.

За таа цел, три дански компании, кои стојат зад иницијативата, се споиле за да смислат како би изгледале мобилните 3Д-печатачи, трансформирајќи ги направите во роботи кои можат да ползат, пливаат, па дури и да летаат.

Дизајнерите ги направиле сите три вида роботи да служат за одредена цел.

Така, 3Д-печатачот со 6 нозе кој ползи би одел по патишта потполнувајќи дупки во асфалтот, додека пливачкиот 3Д-печатач би мешал лепило со песок од океанското дно за да изгради вештачки гребени кои ќе го штитат брегот. Летачкиот 3Д-печатач, пак, би додавал изолација на постари згради.

3d

Фото: Futurism

Иако ова засега се само дизајни, Каспер Јенсен, еден од иницијаторите, верува дека има аргумент за пуштање на овие 3Д-печатачи во светот.

- Со тоа што ќе направиме роботите да можат да ползат, пливаат и да летаат, ќе можеме да посветиме внимание на неодложни еколошки закани во светот по пониска цена и со поголема ефикасност - вели тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија