X
 26.11.2018 Технологија

Следете го слетувањето на сондата „InSight“ на Марс

Човештвото е години оддалечено од стапнувањето на Марс, но благодарение на технологијата, Црвената Планета сега може да се набљудува со помош на роверите и сондите - некои сѐ уште оперираат, а некои завршиле со нивната мисија. Но, вечерва во 21.00 часот уште едно летало ќе се приклучи на растечката флота и ќе набљудува што се случува на или над Марс.

Вселенското летало е опремено со сеизмометар што се потпира на голем број различни сензори за мерење на планетарните пертурбации во низата фреквенции; сензор за движење што открива аномалии во ротацијата на Марс, длабока термичка сонда и роботска рака.

Како и кај сите неодамнешни мисии на Марс, НАСА ќе овозможи следење во живо на слетувањето на сондата. На видеото подолу можете да го следите слетувањето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија