X
 26.12.2020 Култура

Прв поглед на филмот за „Битлси“ од режисерот Питер Џексон

Режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон, откри снимка од долгоочекуваниот документарец за „Битлси“, наречен „The Beatles: Get Back“.

Филмот требаше да има премиера во септември, но беше презакажан за 2021 година поради Ковид-19.

- Филмот досега требаше да биде завршен, но како и останатиот дел од светот, поради пандемијата, се одложи - вели Џексон и додава дека филмот имал пристап до 56 часа никогаш претходно видени снимки од бендот.

- Би рекол дека сме на половина пат од едитирањето, но бидејќи бевте толку трпеливи, а филмот беше одложен за 2021 година, сметавме дека е добро време да ви дадеме можност да ѕирнете во она што го работевме и каква енергија и вибрации ќе има филмот - додава Џексон. Сепак, тој вели дека снимката не е трејлер.

- Трејлерот ќе биде готов наредната година. Снимката нуди монтажи од моментите што ги извлековме од тие 56 часа снимки и ви го дава духот на филмот што го правиме. Се надевам дека ќе предизвика насмевка на вашето лице - вели Џексон.



Извор: Variety.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура