X
 27.01.2023 Образование

Универзитет ќе признава ЕКТС-кредити освоени од предавања на „Јутјуб“

Замислете да гледате видео на „Јутјуб“ и така да добивате ЕКТС-бодови. На оваа платформа има корисни содржини, па затоа нешто такво не изгледа невозможно, а наскоро ќе биде реалност.

„Јутјуб“ планира да потпише договор за соработка со Државниот универзитет на Аризона и образовната фирма „Креш корс“. Ќе започне програма со која студентите ќе може да добиваат ЕКТС-кредити. Програмата се нарекува „Колеџ фаундејшнс“.

Студентите веќе може да се пријават за одредени предмети кои ќе вклучуваат предавања на „Јутјуб“. Бодовите што ќе бидат освоени со предавањата ќе бидат признаени на универзитетот. Во моментот се нудат предмети во областа на комуникациите, математиката и историјата. Ова се предмети што најчесто се слушаат во првата година од студирањето. Се предвидува зголемување на бројот на предмети што ќе се нудат во рамките на програмата.

Сепак, постои недостаток во програмата. Сите што ќе слушаат предмет на овој начин ќе мора да платат 25 долари, а оние што сакаат да им бидат признаени бодовите ќе плаќаат дополнителни 400 долари.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование