Германија е позната по строгите правила во сообраќајот, а во 2025 година санкциите за возачите што ги прекршуваат прописите ќе станат уште потешки. Секој возач што се наоѓа во Германија треба да се информира за најновите промени во сообраќајниот систем, особено ако сака да избегне високи казни и можни санкции, кои значително ќе се зголемат.
Најголемите новини се однесуваат на прекршувањата на брзината, каде што казните ќе бидат значително построги. Ако надвор од градските зони возите повеќе од 21 км/ч над дозволената брзина, ќе добиете еден казнен поен во Фленсбург и казна од 100 евра. Ова важи за сите возачи, додека претходно ова важеше за надминување на дозволената брзина од 31 км/ч. Во урбаните области казните се уште построги: ако возите 21 км/ч повеќе од дозволеното, ќе платите 115 евра и еден казнен поен, додека за прекршок од 31 км/ч или повеќе, казната е 260 евра, два поени и едномесечна забрана за возење.
Тие што поминуваат на црвено светло ќе се соочат со построги казни. Во случај на преминување кога светлото било црвено помалку од секунда, глобата ќе изнесува 90 евра, а доколку има ризик за други лица, казната може да достигне 200 евра, два поени и забрана за возење од еден месец.
Промените не се поврзани само со брзината. За возачите што не ги почитуваат правилата за растојание помеѓу возилата при брзини над 80 км/ч, казните ќе бидат построги: за одржување премало растојание се предвидува казна од 75 евра и еден поен, додека за премало растојание на повеќе од 100 км/ч, казната може да достигне 160 евра, два поени и едномесечна забрана за возење.
За оние што не се информирани, постојат и стари казни кои продолжуваат да важат, како што се:
- Влегување во еколошки зони без соодветна налепница (100 евра) или користење мобилен телефон додека возите (100 евра).
- Недостиг или покриена регистарска табличка ќе чини најмалку 60 евра.
- Пребавно возење без оправдана причина ќе чини 20 евра.
- Строго ќе се казнува и користење телефон додека возите, со казна од 100 евра. Поминување на црвено светло ќе се казнува со парична казна од 90 евра. Особено ќе биде строга и висока казната за пијаните возачи: во зависност од прекршокот, може да добијат три казнени поени, казна до 1.500 евра и одземање на возачката дозвола.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik