X
 27.08.2018 Наука

Фасцинантно откритие: пронајден нов микроорган во човечкото тело!



Научниците од Институтот за медицински истражувања „Гарван“ од Австралија открија нов микроорган во човечкото тело. Истиот е откриен и кај глувците, известува списанието „Сајанс алерт“.

Зголемен и вештачки обоен слајд на ткивото на лимфните жлезди.
(Фото: defun / iStock)


Научниците тврдат дека овие органи придонесуваат за функционирање на имунолошкиот систем.

Во поглед на структурата, новите органи се со ситна и рамна површина. Интегрирани се во лимфните јазли. Прво се пронајдени кај глувците и се наречени супкапсуларни пролиферативни жлезди (СПФ).

Тие структури се формираат за кратко време и имаат многу мали димензии, а тоа е причина што досега не биле откриени.

Лимфоцитите се создаваат во лимфните јазли, каде што лимфата им ги носи антигените кои за возврат предизвикуваат примарен имунолошки одговор. Што се однесува до новопронајдените органи, тие содржат многу клетки, вклучително и Б-клетки, кои можат да се трансформираат во мемориски клетки. Тие содржат информации за вирусите. Затоа Б-клетките имаат витална улога во активирањето на антигените кои се неопходни за борба против инфекциите што се повторуваат.

Научниците претпоставуваат дека тие нови микрооргани служат како центри за собирање лимфоцити, што ги прави важни во борбата против вируси и инфекции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука