X
 27.09.2017 Здравје

Симптоми за нарушување на менталното здравје што не смеете да ги игнорирате

Грижата за вашето ментално здравје е исто така важна колку и физичката активност и вежбањето. Психологот Анита Санз споделила кои се здравствените симптоми што не смеете да ги игнорирате во врска со менталното здравје.

Постојат низа симптоми што можат да покажат дека се развива некој проблем со менталното здравје, но некогаш е тешко да се знае на кои од нив да се обрне внимание. Но, постојат 5 главни аспекти од животот во кои најмногу можете да препознаете тешкотии:

1. Расположение
2. Енергија
3. Апетит
4. Сон
5. Сексуална желба

Овие области имаат големо влијание од фрустрациите настанати од стресот, хормоните, физичкото здравје или болестите, траума и генетски предиспозиции. Често проблемите во која било од овие области влијаат врз однесувањето на човекот и способноста да врши когнитивни функции, емоционални, социјални и физички.

За да сфатите кои се симптомите за нарушено ментално здравје, треба да ги земете предвид следниве работи:

1. Екстреми: на пример, расположението или енергијата ако е премногу висока или ниска, апетитот е надвор од контрола или воопшто го нема, постојано или повремено спиење, хиперактивна сексуална желба или непостојна.

2. Брзи промени: рапидна промена на расположението, непредвидливо спиење и брзи промени помеѓу несоница или претерано спиење.

3. Абнормалност: нешто од овие области е многу поразлично од нормалната состојба за која знаете, или верувате дека нешто едноставно не е во ред.

4. Дисфункционалност: промените што ви се случуваат ве спречуваат во нормалното функционирање во важните области од вашиот живот.

5. Грижа: вашите блиски изразуваат загриженост за вашите навики, однесување и претставување. Најдобро е да ги прашате зошто се загрижени.

Експертите советуваат - доколку се чувствувате ранливо, вознемирено или депримирано, секогаш да се обидувате да разговарате со некого и да побарате помош и да не ги игнорирате проблемите што ви се случуваат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје