X
 27.12.2022 Образование

Објавени се резултатите од конкурсите за стипендии за средните стручни училишта

Министерството за образование и наука соопшти дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022/2023 и тие може да се погледнат ТУКА.

- Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови - соопштија од МОН.

За какви било дополнителни информации и поддршка, прашања може да се поставуваат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование