X
 28.05.2022 Наука

Откриено ново соединение во атмосферата

Воздухот кој го дишеме е најмногу составен од азот, кислород и јаглерод диоксид. Но во атмосферата има многу различни гасови.

Хемичарите сега покажале дека во атмосферата има и реактивна класа на соединенија наречена органски хидротриоксиди кои се задржуваат во воздухот многу кратко, но можеби имаат ефекти за кои не знаеме. Според пресметките на истражувачите, веројатно вдишавте неколку милијарди молекули од ова соединение додека го читате ова.

Не се знае кои се последиците на ова соединение врз здравјето, но според хемичарот Хенрик Грум Кјергард од Универзитетот на Копенхаген, Данска, соединението отсекогаш било во воздухот, но ние не сме знаеле за него.

- Фактот дека сега имаме доказ дека соединенијата се формирани и живеат одреден временски период значи дека е можно да се истражува нивниот ефект и да се реагира доколку се опасни - вели тој.

Истражувачкиот тим успеал да го забележи формирањето на хидротриоксиди во атмосферски услови од повеќе супстанции што постојат во воздухот. Една таква, наречена изопрен, може да реагира во атмосферата за да произведе околу 10 милиони тони хидротриоксиди годишно.

Но оваа супстанција е само еден можен извор и според научниците, многу соединенија би можеле да бидат вклучени во процесот на создавање хидротриоксиди, кои може да живеат од неколку минути до неколку часа.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука