X
 28.09.2023 Образование

Најдобрите универзитети во светот за 2024 според „Тајмс хајр еџукејшн“

Британското списание „Тајмс хајр еџукејшн“ штотуку ја објави листата со најдобри универзитети во светот за 2024 година. Може да се види дека американските и британските универзитети паѓаат на листата, а се искачуваат азиските универзитети.

Сепак, на врвот на листата се наоѓа британскиот Универзитет „Оксфорд“. Овој универзитет се наоѓа на врвот на оваа листа осма година по ред.

Освен тоа, меѓу најдобрите десет има само универзитети од САД и Обединетото Кралство. Анализата на списанието покажала и дека оваа година универзитетите во САД имаат највисоки приходи по академик, а Германија е на врвот кога станува збор за приходи од истражувања по академик.

На листата има еден универзитет од Македонија, „Св. Кирил и Методиј“, кој се наоѓа во групата на универзитети рангирани под 1.501 место.

Во продолжение се најдобрите десет универзитети во светот за 2024 според списанието.

1. „Оксфорд“, Обединето Кралство
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. „Харвард“, САД
5. „Кембриџ“, Обединето Кралство 
6. „Принстон“, САД
7.Технолошки институт во Калифорнија, САД
8. Кралскиот колеџ Лондон, Обединето Кралство
9. Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД
10. „Јејл“, САД

Извор: Times higher education
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование