X
 28.11.2021 Живот

Еве колку треба да трае совршената прегратка

Психолозите од Универзитетот „Голдсмит“ во Лондон ги открија клучните аспекти на идеалната прегратка, вклучувајќи ги оптималното времетраење на прегратката и нејзиниот стил. Тие откриле дека подолгата прегратка, помеѓу 5 и 10 секунди, има попозитивен ефект во споредба со пократката. Тие, исто така, дознале дека позиционирањето на рацете, односно дали се прекрстени околу половината или преку рамената, не е важно.


Времетраењето и стилот на прегратката


Истражувачите велат дека нивната студија можеби е првата што ги испитува факторите што влијаат врз процената на прегратката и влијанието на прегратките врз расположението, напишаа тие во новиот извештај објавен во списанието „Акта психологика“.

Тие ангажирале 48 учесници - сите жени, „поради ограничените ресурси“ - да се поделат во парови и да се гушкаат во интервали од една, пет или 10 секунди и во два различни модели на прегратки, „вкрстена“ или „врат-половина“.

На волонтерите им биле врзани очите за да се избегне визуелната повратна информација што влијае врз перцепцијата на допирот. Учесниците потоа известувале како се чувствуваат веднаш по прегратката, потоа повторно, три минути по прегратката и повторно, по шест минути. Тие користеле зборови како „пријатно“, „возбудливо“ или „под контрола“ (наспроти непријатно) за да го опишат своето расположение по прегратката.

pregratka
Фото: Freepik

Прекратките и предолгите прегратки немаат позитивен ефект

Истражувачите откриле дека прегратката од една секунда се смета за помалку удобна од прегратката од 5 или 10 секунди, а и двете имале слични позитивни резултати. Истражувачите се запрашале дали прегратките подолги од 10 секунди може да резултираат со посебно „ниво на удобност“, но тие позитивни чувства исчезнале како што одминувало времето, а најголема возбуда била почувствувана веднаш по прегратката.

Од друга страна, положбата на рацете се чинела дека има мало или никакво влијание врз учесниците, што ги изненадило експертите, кои претходно мислеле дека „вкрстените“ прегратки се поудобни од прегратките „врат-половина“.

Во друг експеримент истражувачите набљудувале прегратки меѓу 206 мажи и жени во кампусот „Голдсмит“ и побарале од нив да го оценат своето искуство на скала од 0 до 100.

И покрај разликите во полот и висината, вкрстениот стил бил најчестиот пристап меѓу мажите и жените.

- Ова е изненадувачки бидејќи вкрстената прегратка помеѓу две лица со разлика во висината изгледа непријатно - пишуваат авторите. 

Извор: Countryliving.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот