X
 28.12.2022 Култура

Ова се најгледаните серии на „Нетфликс“

„Нетфликс“ со години ги криеше податоците за гледаноста на сопствените филмови и серии, но оваа година почна да објавува листи со најпопуларните емисии и филмови, како и глобална листа со најгледаните наслови.

Списоците се ажурираат неделно и се рангирани според вкупниот број часови што претплатниците ги поминале гледајќи ги. Целта на оваа листа е да им даде на претплатниците увид во најголемите хитови на „Нетфликс“ за да можат да откријат нешто ново за гледање.

На сериите и филмовите им е потребна постојана популарност за да стигнат до најгледаните топ-листи на сите времиња. Ова значи дека со денови можете да гледате некои наслови во топ-10, но тие сè уште не можат да се најдат на врвот на листата со најгледани филмови на сите времиња.

Гледаноста се мери со вкупните часови на гледање

На пример, серијата „Регрутот“ (The Recruit) има 52,3 милиони часа гледаност во првите три дена од објавувањето, меѓутоа, за да се најде на списокот, треба да има речиси половина милијарда часови. Дури и на најпопуларните емисии и филмови им се потребни неколку недели да соберат толку многу часови. Серијата „Венсдеј“ собра повеќе од една милијарда часови гледаност во првите 28 дена од објавувањето, со што се најде на листата со најгледани во 2022 година.

Во продолжение се наведени најгледаните серии на „Нетфликс“ врз основа на извештаите за вкупно гледаните часови во првите 28 дена од објавувањето на серијата.

Најгледани серии на сите времиња на „Нетфликс“:

1. „Игра со лигни“ (сезона 1) - 1,65 милијарди часа

2. „Почудни нешта“(сезона 4) - 1,35 милијарди часа

3. „Венсдеј“ - 1,2 милијарди часа

4. „Дамер“ - 856,2 милиони часа

5. „Куќа од хартија“ (5 дел) - 792,2 милиони часа

6. „Бриџертон“ (сезона 2) - 656,3 милиони часа

7. „Бриџертон“ (сезона 1) - 625,5 милиони часа

8. „Куќа од хартија“ (4 дел) - 619 милиони часа

9. „Почудни нешта“ (сезона 3) - 582,1 милиони часа

10. „Луцифер“ (сезона 5) - 569,5 милиони часа

11. „Сите ние сме мртви“ - 560,8 милиони часа

12. „Вештерот“ (сезона 1) - 541 милиони часа

13. „Измислувајќи ја Ана“ - 511,9 милиони часа

14. „13 причини зошто“ (сезона 2) - 496,1 милиони часа

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура