X
 28.12.2023 Технологија

Почна со работа „Југо-ГПТ“ - нов регионален јазички модел

„Југо-ГПТ“ (YugoGPT) е прв јазичен модел што користи вештачка интелигенција за нашето говорно подрачје. Алатката почна со работа на 25 декември, а ја создаде Алекса Гордиќ. Овој модел работи со српски, босански, хрватски и црногорски јазик.

Гордиќ посочува дека ова е прва верзија од моделот и тој ќе биде унапреден во следните месеци.

Гордиќ дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 2017 година, по што работел како софтверски инженер и инженер за машинско учење во развојниот центар на „Мајкрософт“ во Србија. Потоа работел и во компанија на „Гугл“ за вештачка интелигенција.

Како што објави неодамна на својот профил на „Х“, тој заедно со Тоби Фармер го основал стартапот „Руна АИ“ за да го направат моделот. Тој верува дека вештачката интелигенција треба да служи секому. Следниот чекор е собирање финансии за да се развива платформата.



Извор: Indikator
Насловна фотографија: YugoGPT
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија