X
 29.10.2018 Култура

Кој е Жаир Болсонаро, идниот претседател на Бразил?

Кој е всушност Жаир Месијас Болсонаро, новиот претседател на една од најголемите земји во светот?

Описите како „бразилскиот Трамп“ воопшто не се доволни.

Стотици негови фанови чекаа на аеродром. Нивното знаме нема да биде црвено и Бразил нема да стане втората Куба, викаа тие. Сакаа да го видат својот „митски херој“. А потоа го носеа на рамена.

Ја слави диктатурата, ги мрази хомосексуалците.

Ова се случуваше во екот на предизборната турнеја на Болсонаро. Овој 63-годишен политичар долго време бил отфрлан од политичката елита. Тој е член на парламентот уште од раните 90-ти години. Никогаш не паѓал в очи со некакви конструктивни предлози, но затоа пак е препознатлив по вербалните напади. Така, на една претставничка ѝ рекол дека е толку грда, што заслужува силување. Неколку пати бил повикан на суд - но тоа не го спречило да продолжи со истиот стил. Ги напаѓа и хомосексуалците, па така во една пригода изјави дека повеќе би сакал да има мртов син отколку хомосексуалец.

1
Фото: dpa


Идол на Болсонаро му е Карлос Алберто Брилханте Устра. Тој за време на воената диктатура (1964-1985) до смрт измачувал околу 40 члена на опозицијата. Болсонаро гласал и за промена на поранешната претседателка Дилма Русев (која исто така за време на диктатурата била измачувана в затвор) и својот глас демонстративно му го посветил на Карлос Устра.

Болсанаро тврди дека за денешната криза во земјата се виновни поранешниот претседател Лула и неговата партија. Лула од април се наоѓа в затвор поради корупција и перење пари. Тој води на анкетите за јавно мислење, но не смее да се кандидира, па затоа Болсонаро е лидер на листата. Моментално нема конкурент во десничарскиот табор бидејќи и бразилската десница морала да се соочи со тешките обвиненија за корупција.

Болсонаро не нуди конкретни решенија за огромните проблеми на Бразил. Не знае ништо за економија, па тоа поле му го препуштил на либералниот економист Пол Гудес, кој треба да стане негов министер за економија. Болсонаро сака јавните училишта да ги стави под управа на армијата, а на сѐ поприсутното насилство сака да му се спротивстави со вооружување на „добрите граѓани“, додека на полицајците им ветува премии за секој убиен „бандит“, а ветува и дека ќе го исчисти корумпираниот политички естаблишмент.

Трговците веќе ги одобрија економските планови на Пол Гудес, така што Болсонаро не треба да биде потценет.

Автор: Дојче веле
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура