X
 27.11.2022 Култура

Најгледаната серија на „Нетфликс“ е плагијат? Креаторите на новиот хит „1899“ се обвинети за кражба

Германската серија „1899“ во моментов е најгледана на „Нетфликс“. Креатори на серијата се Јантје Фриесе и Баран бо Одар, кои се прославија со научнофантастичната серија „Темно“, а обожавателите ја споредуваат новата серија со филмот „Матрикс“ и со графичкиот роман „Црна тишина“ од 2016 година.

Токму авторката на овој роман, бразилската илустраторка Мари Кагнин, на нејзиниот твитер-профил тврди дека креаторите на серијата ја украле идејата од нејзиниот стрип.

- Во шок сум. Денес дознав дека серијата „1899“ е всушност идентична со мојот стрип што го објавив во 2016 година. Сѐ е таму. Црната пирамида. Смртта во бродот. Мултинационалниот екипаж. Очигледно чудни и необјаснети работи. Симболите во очите. Пишаните кодови. Гласовите што ги повикуваат. Суптилни детали за заплетот, како личните драми на ликовите, вклучувајќи ја и нивната мистериозна смрт - пишува таа. Таа сподели и сцени од серијата и својот стрип за да направи споредба и објасни како мисли дека постои сличност.

- Во 2017 година бев поканета од бразилската амбасада да учествувам на Саемот на книгата во Гетеборг, многу познат и влијателен меѓународен саем во Европа. Учествував на панели и го дистрибуирав стрипот на многу издавачи и луѓе во бизнисот. Не е тешко да замислам дека мојата работа допрела до нив. Не само што го доставив стрипот туку и им ја дадов и преведената англиска верзија - вели илустраторката.

Интензивната серија следи мистериозен брод од 19 век


Серијата од 1899 година е сместена во 19 век и следи брод полн со патници чиј капетан скршнува од курсот со надеж дека ќе го спаси изгубениот брод наречен „Прометеј“. Меѓутоа, кога ќе пристигнат, откриваат дека бродот потонал и мистериозно повторно испливал, овој пат без ниту еден човек на него. Како што истрагата продолжува, огромна загатка почнува да се разоткрива, што укажува на поголеми мистерии на бродот, неговото исчезнување и враќање.

Серијата има вкупно осум епизоди, а насловот на првата епизода е „Брод“. Сите епизоди од оваа мистериозна серија траат 60 минути. Интересно е што хит-серијата е повеќејазична, а ликови од целиот свет зборуваат на својот мајчин јазик.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура