X
 30.06.2020 Култура

Најдобрите трилери достапни на „Нетфликс“

Поради продолжувањето на социјалното дистанцирање, не постои подобар период за да ги тестирате границите на вашата способност за забава. За авантуристите меѓу нас, тоа значи подигнување на тензијата на највисоко ниво. Овие трилери ќе ви го овозможат токму тоа, а сега се достапни на „Нетфликс“.

Рангирани од најмалку напнати до најнапнати, ова се  најдобрите трилери што се моментално достапни на „Нетфликс“.

9. „Лок“



Том Харди го глуми Иван Лок, протагонистот во овој филм, и навистина воодушевува со неговата глума. Иван е посветен семеен човек и успешен менаџер во градежништво, но кога добива телефонски повик вечерта кога се соочува со најголемиот предизвик во неговата кариера, тоа предизвикува низа настани.

8. „Талентираниот господин Рипли“



Базиран на истоимениот роман од Патриша Хајсмит, филмот го следи младиот измамник (Мет Дејмон), кој сака да му го украде животот на богат наследник (Џад Лоу). Заплеткан во мрежа на лаги, измами и очај, овој психолошки трилер ќе ве направи сериозно нервозни. Во филмот глумат и Гвинет Палтроу, Кејт Бланшет и Филип Сејмур Хофман.

7. „Возач“




Рајан Гослинг глуми каскадер кој е вклучен во криминален заговор што ги става во опасност жената која ја сака (Кери Мулиган) и нејзиниот сопруг (Оскар Исак). Дополнителната актерска екипа составена од Брајан Кренстон, Кристина Хендрикс и Алберт Брукс го прави филмот одличен.

6. „Екс машина“



Режисерското деби на Алекс Гарланд, „Екс Машина“, е научнофантастична мистерија што ги избегнува очекувањата на гледачите со извонредна вештина. Компјутерски програмер е ангажиран од познат извршен директор за да ја оцени неговата најнова креација: вештачки интелигентен робот со впечатливи човечки карактеристики (Алисија Викандер).

5. „Мистична река“




Филмот има одлична актерска екипа: Шон Пен, Тим Робинс, Кевин Бејкон, Лоренс Фишбурн, Марсија Геј Харден и Еми Росум, комбинирајќи го трагичниот наративен развој со болна бостонска мистерија за убиство. Режисерот Клинт Иствуд испорачува уникатно темен филм што се вовлекува во психата на неговите ликови.

4. „Зелена соба“



Кога членовите на бенд се сведоци на убиството на една млада жена, тие се во заложништво на група неонацисти одговорни за убиството. Интензивната приказна за преживувањето е комплетирана со одлична акција.

3. „Веб-камера“



Меделајн Бруер ја глуми Алис, амибициозен модел кој работи напорно за да ја одржува својата кариера. Но, кога мистериозен двојник го зазема нејзиното место онлајн, Алис почнува да се плаши за нејзината безбедност.

2. „Добро време“




Роберт Патисон го глуми Кони, криминалец што ќе направи буквално сè за да го извлече неговиот брат од затворот во Њујорк.

1. „Подарокот“



Како можеш да знаеш кога еден пријател станува опасен пријател? Во овој филм Џејсон Бетман го глуми Сајмон, кој заедно со сопругата се преселува во нов дом. Сајмон во продавница наидува на поранешен другар за кој нема толку добро чувство.

Извор: Mashable
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура