X
 30.12.2018 Технологија

Замената на батериите на „ајфоните“ ќе биде многу поскапа од Нова година

Сопствениците на „ајфони“ можат за помалку пари да ја заменат батеријата уште многу малку време.

Замената по пониска цена трае до крајот на годинава, по што трошоците драстично ќе се зголемат. Засега новата батерија чини само околу 28 евра, а од први јануари цената на батеријата ќе се искачи и до 72 евра.

Старите батерии можат да им направат големи проблеми на сопствениците на „ајфони“. Со текот на времето силата почнува да се намалува, што подразбира скратување на животниот век на телефоните, но значи и дека „Епл“ мора да ги забави перформансите на уредот за да не се расипе бидејќи не добива доволно енергија.

Веќе е познато дека компанијата ги ослабувала перформансите на постарите телефони, а за тоа имаше гласини долго пред официјалното признание. Тоа доведе до евтини поправки на уредите. Кога беше објавена таа приказна, од „Епл“ им се извинија на потрошувачите и истакнаа дека ќе ја намалат цената на поправките и ќе им овозможат на луѓето да ги вратат перформансите на телефоните, ако им е лоша батеријата.

Тоа значеше дека која било батерија на овие телефони може да се замени за 28 евра. Но, дарежливоста имаше рок, па истата услуга сега ќе чини околу 50 евра за повеќето телефони и околу 72 евра за „ајфон Х“.

Услугата ќе остане бесплатна за телефоните кои сѐ уште се под гаранција, како и за оние кои имаат проширена покриеност со „Епл Кер“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија