X
 30.12.2019 Култура

Тамара Ристоска: Речиси сѐ ми беше поврзано со „Фамилијата Марковски“

На крајот од годината сите природно се потсетуваме на годината што ни изминува, се мислиме што сме направиле убаво, што не, а  обично расте надежта дека ќе нѐ очекува подобра година. За Македонија беше година на големи предизвици. Со политика не можеме да се пофалиме, но со успеси во културата годинава, сигурно многу.

Ви претставуваме каква година имаа режисерката Тамара Котевска, режисерот Милчо Манчевски, диригентот Џијан Емин, актерките Весна Петрушевска и Тамара Ристоска, писателката Винка Саздова.


- Сега кога ќе се навратам наназад, имам чувство дека годината ми поминала многу брзо и некако речиси сè беше поврзано со „Фамилијата Марковски“. Почна со процесот на снимање во февруари, па ни се случи првата премиера на Филмскиот фестивал во Сараево и еве, завршува два дена пред новата со прикажувањето на последната епизода на ТВ-екраните. Секако, не можам да ја заборавам и премиерата што ја имав годинава во „Крал Иби“ во Драмскиот театар.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура