X
 31.05.2019 Технологија

Ново видео го прикажува „ајфон 11“ од сите агли

Се чини дека „Епл“ оваа година нема да нè воодушеви со новата генерација паметни телефони.

Според новото видео, новиот „ајфон“ на „Епл“ дефинитивно нема да биде највозбудливата работа што ќе ја видиме во 2019 година. Напротив, тој ќе изгледа речиси идентично како минатогодишните модели, со исклучок на коцкестото куќиште на задната страна каде што се наоѓа камерата.

Новиот модел ќе биде исклучително квалитетен, а и треба да биде со оглед на тоа што ќе се продава по цена од 1.450 долари.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија