X
 31.05.2022 Забава

Филмски фанатик изгледал 1.000 филма за време на заклучувањето во пандемијата

Филмски фанатик изгледал повеќе од 1.000 филма во една година откако ја изгубил работата во првото заклучување во пандемијата.

Фил Вотс од Сомерсет успеал да изгледа 1.028 филма. Како што вели, во текот на заклучувањето гледал по седум филма на еден ден.

Неговата маратонска година на гледање филмови ги вклучи секој филм за Џејмс Бонд, „Ѕвездени патеки“ и „Брзи и бесни“.

Пролетта 2021 година, откако бил отпуштен, почнал да работи низ дома, а во заднина му бил пуштен филм. Тогаш сфатил дека гледа премногу филмови.

- Морав да пишувам белешки затоа што заборавав што сум гледал. Во март имав изгледано 300 или 400, па си реков дека можам да стигнам до 1.000 во една година - вели тој.

- Имаше денови кога поради работа или други причини не гледав ни еден филм, но имаше и денови кога успевав да изгледам пократки филмови како „Чудовишта“ од „Јуниверзал“ бидејќи се долги само 70 минути. Така, успевав да стигнам до 7 филма на ден - вели тој.

Киното тече во крвта на Вотс. Неговиот татко Роџер работел во кино како проекционист, а од 1992 година Фил почнал да води бизнис со ставање домашни видеа на ДВД.

Форма на бегство


- Секогаш ги користам филмовите како форма на бегство. Некои луѓе одат на џогирање или читаат книги. За мене, филмот е двочасовно бегство во галаксијата. Бидејќи бевме заклучени, немаше големо влијание врз мене. Стекнав пријатели на социјалните мрежи бидејќи и тие имаа исти вкусови - вели тој.

Страста на Вотс кон филмот водеше до тоа тој да стане соработник на веб-страница за рецензија наречена „Лест муви аутпост“ интервјуирајќи актери и режисери.

- Тоа е одлично хоби и ако се претвори во платена работа, би бил многу среќен - вели тој.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава