X
 31.05.2023 Живот

Publicis Groupe Skopje најнаградувана агенција на регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023

10 проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг-кампањи во Адриатик Регионот


Publicis Groupe Skopje со своите агенции Publicis и Saatchi & Saatchi го освои регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023! 10 различни кампањи, 5 креативни проекти реализирани за „Пивара Скопје“ и брендовите Скопско и Смут, 4 за Црногорски телеком и еден проект за Винарија Тиквеш беа избрани за најдобри во конкуренција на голем број други кампањи од регионот.

Ова претставува значаен успех за оваа македонска агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик Регионот.
Тимската работа, синергијата меѓу тимовите, талентот и слободата за изразување на креативноста е нешто што го краси Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува повеќе од 26 години, со што оваа агенција, со своите посветени одделни тимови од агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi, е креативен и комуникациски лидер во регионот и работи на различни комуникациски проекти од различни индустрии.



Во Котор беа наградени десет исклучителни и креативни проекти за чија реализација Publicis Groupe Skopje ја доби довербата на своите клиенти, што е воедно потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех.

Регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023 се одржа од 25 до 28 мај во Котор, Црна Гора, и претставува значаен фестивал на кој се слават креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите.
На него присуствуваат најистакнатите имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот. Оваа година дел од фестивалот беа и глумците Тарик Филиповиќ и Драган Бјелогрлиќ, кошаркарот Дино Раџа и други креативци и познати јавни личности од регионот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот