X
 31.05.2025 Технологија

Нов револуционерен уред - ласер чита текст од километри оддалеченост

Најостриот човечки вид е доволно добар за читање ситни букви при преглед кај офталмолог од растојание од неколку метри. Но тоа е неспоредливо со новиот уред, кој може да скенира ситни поединечни знаци на растојанија до 1.360 метри.

Интерферометријата на интензитет има поинаков пристап кон снимањето од конвенционалните камери: наместо директно мерење на светлосните бранови, овие уреди го мерат начинот на кој светлината се рефлектира и интерферира со себе, а потоа конструираат слика од тие податоци. Истражувачите на Универзитетот за наука и технологија во Кина неодамна тестираа инструмент што емитува осум инфрацрвени ласерски зраци, насочени кон одредена точка во далечината. Тие го снимиле интензитетот на светлосните рефлексии со помош на два телескопи и ја реконструирале сликата со внимателно калибрирање на осум ласерски зраци.

Понатамошни подобрувања

- Успешно фотографиравме цели во милиметарска скала, лоцирани на растојание од 1,36 км, постигнувајќи подобрување на резолуцијата од околу 14 пати, во споредба со границата на дифракција на еден телескоп - напишале истражувачите во објавениот труд.

Истражувачите биле во можност прецизно да читаат букви со резолуција од 3 мм. Да користеле само еден телескоп, ќе добиеле резолуција од 42 мм. Тие велат дека се можни понатамошни подобрувања во начинот на кој се контролираат инфрацрвените ласерски светла, а во системот би можел да се додаде и алгоритам за вештачка интелигенција кој би толкувал одреден текст и форми уште попрецизно.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија