X
 31.07.2020 Култура

Сите филмови на Кристофер Нолан рангирани од „Ротен Томатос“

Кристофер Нолан имаше совршено патување како аутсајдер во Хиливуд. Со текот на времето, тој се претвори во еден од најистакнатите светски режисери. Почнувајќи од деби-филм направен за помалку од половина милион долари („Следење“), Нолан веднаш премина на креативниот „Мементо“. Од „Мементо“, Нолан се насочи кон „Несоница“ каде професионалците како Робин Вилијамс и Ал Пачино го препознаa неговиот талент и се согласиja да глумат во неговиот филм.

Токму вака се почнува нова кариера како режисер во подем. За нолан, следниот чекор беше изненадувачки потег: Воскресението на Брус Вејн во „Бетмен почнува“. Со „Престиж“, тој навистина почна да се етаблира како бренд и икона чии филмови изобилуваат со научна фантастика, неверојатни концепти и резолуции, со голем број познати актери исполнувајќи ја неговата визија. „Почеток“ и „Интерстелар“ дефинитивно го покажуваат неговиот врвен режисерски стил додека „Темниот витез“ ги револуционизира филмовите направени според стрипови. Да не го заборавиме и „Денкерк“, епски филм за Втората светска војна.

Наредниот филм на Нолан е „Тенет“, чија премиера беше одложена поради пандемијата. Во моментот се очекува меѓународната премиера да биде на 26 август, додека на американскиот пазар да се најде на 3 септември. Во продолжение се сите филмови на Кристофер Нолан рангирани според томатометарот на „Ротен Томатос“.

nolan
Фото: Instagram

10. „Интерстелар“, 2014 година - Томатометар: 72%
9. „Престиж“, 2006 година - Томатометар: 76%
8. „Следење“, 1999 година - Томатометар: 81%
7. „Бетмен почнува“, 2005 година- Томатометар: 84%
6. „Почеток“, 2010 година - Томатометар: 87%
5. „Подемот на Темниот витез“, 2012 година - Томатометар: 87%
4. „Несоница“, 2002 година - Томатометар: 92 отсто
3. „Денкерк“, 2017 година - Томатометар: 92 отсто
2. „Мементо“, 2000 година - Томатометар: 93 отсто
1. „Темниот витез“, 2008 година - Томатометар: 94 отсто

Извор: Editorial.rottentomatoes.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура