X
 31.07.2023 Образование

Колку чини студирањето во странство?

Младите од Македонија сѐ почесто се одлучуваат за студирање во друга држава. Темелно истражување на „Ерудера“ покажува колкави се трошоците за студирање во странство, па ајде да видиме колку чинат книгите, превозот, дополнителните трошоци во некои од најистакнатите земји за странски студенти.

САД

Просечните трошоци за живот за меѓународни студенти изнесуваат од 10.000 до 18.000 долари годишно

Школарина: 32.000 до 60.000 долари годишно

Книги и прибор: просечно 1.240 долари годишно

Сместување: 1.500 до 3.100 долари месечно

Трошоци за живот: 10.000 до 18.000 долари годишно

Превоз: 90 - 130 долари месечно

Дополнителни трошоци: Виза Ф1: 510 долари по апликација.


Велика Британија

Просечни трошоци за живот за меѓународни студенти: 13.000 фунти годишно

Школарина: 11.400 до 32.081 фунта годишно

Книги и прибор: 120 - 240 фунти годишно

Сместување: 900 до 1.400 фунти месечно

Трошоци за живот: во просек 1.360 фунти месечно

Превоз: 140 фунти годишно

Дополнителни трошоци: 363 фунти за студентска виза


Канада

Просечни трошоци за живот за меѓународни студенти: 11.800 - 15.750 долари годишно

Школарина: 11.800 до 15.750 долари годишно

Книги и прибор: 1.500 долари годишно

Сместување: 350 - 500 долари месечно

Трошоци за живот: 11.800 - 15.750 долари годишно

Превоз: 30 - 80 долари месечно

Дополнителни трошоци: дозвола за студирање 120 долари


Австралија

Просечни трошоци за живот за меѓународни студенти: 14.290 до 19.288 долари годишно

Школарина: 10.060 - 35.730 долари годишно

Книги и прибор: 360 - 1.00 долари годишно

Сместување: 600 долари месечно

Трошоци за живот: 14.290 - 19.288 долари годишно

Превоз: 150 долари месечно

Дополнителни трошоци: студентска виза 630 долари


Европа

Цените може да варираат во различни европски земји, но ова се просечните трошоци за студентите надвор од ЕУ:

Школарина: 5.000 - 13.000 евра

Книги и прибор: 50 - 200 евра годишно

Сместување: 300 - 800 евра месечно

Трошоци за живот: 700 - 1.200 евра месечно

Превоз: 20 - 100 евра месечно

Дополнителни трошоци: студентска виза 60 - 100 евра

Извор: Buka
Фото: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование