X
 01.01.2023 Живот

Фотограф успеал да фати ретко кружно виножито од шкотските висорамнини

Шкотскиот фотограф Ник Сидл обожава да фотографира со дрон, што му обезбедува поголема флексибилност отколку да мора да организира фотографирање од авион или хеликоптер. Неговиот успех на ова поле се докажува и со неговата неодамнешна фотографија на која снимил ретко виножито во полн круг.

Сидл фотографирал во шкотските висорамнини кога му се укажала уникатна можност.

- Иако теоретски сите виножита оптички се полни кругови, ми беше кажано дека феноменот на полн круг ретко се гледа. Од земја, ова виножито изгледаше како вообичаено полукружно виножито, но гледајќи од високо, како што дронот се искачуваше, се откри и долната половина - вели тој.

1
Фото: : Nick Sidl

Бидејќи виножитото било толку блиску, не било можно да го собере во еден кадар. Не сакајќи да ризикува да ја разбие илузијата со менување на аголот или губење на погледот низ облаците, Сидл донел одлука да направи повеќе слики. Потоа, од 22 фотографии ја создал конечната слика.

Зошто виножитата со полн круг се толку ретки? Бидејќи се работи за оптичка илузија, треба да се постават неколку фактори за да може да се види кружното виножито. Виножитата се формираат кога сончевата светлина поминува низ капките вода во феномен наречен рефракција. За да го видиме делот од виножитото на земјата - другата половина од кругот - ќе треба да видиме капки вода под хоризонтот. Бидејќи тоа не е можно, виножитата речиси секогаш се појавуваат како лакови.

За да видите вистинско виножито во полн круг, треба да бидете високо. Всушност, најчесто пилотите го гледаат целиот круг. Може да се гледаат и од многу високи згради или, во овој случај, од дрон.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Nick Sidl
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот