X
 02.05.2018 Култура

Сликите на славниот Рубенс в година на едно место



Во Музејот на применета уметност во Сан Франциско наредната година ќе биде претставена изложба со делата на фламанскиот уметник Питер Пол Рубенс, чии платна ќе бидат собрани од сите музеи во светот на едно место.

Градските власти на Сан Франциско планираат голема изложба посветена на Рубенс, со оглед на тоа што во тој дел од САД повеќето од делата на белгискиот уметник никогаш не биле поставени. Изложбата се организира во соработка со белгиските власти, а го опфаќа периодот од 1608 до 1620 година.


Автопортрет на Питер Пол Рубенс
(Фото: Wikimedia Commons)


Изложбата со наслов „Раната слава на Питер Пол Рубенс“ (The early celebrity of Peter Paul Rubens) делумно ќе ја финансира белгиската влада, а ќе се одржи од 6 април до 2 септември 2019 година.

Се очекува изложбата да ја посетат 175.000 луѓе.

Порталот „Фокус на Белгија“ пренесува дека изложбата ќе го покрие периодот што бил најзначаен во фламанското сликарство, во кој твореле уметниците Рубенс, Јан ван Ајк и Питер Бројгел Постариот.

Рубенс (1577-1640) бил дипломат и барокен уметник, кој од 1610 до 1620 година ги создал своите ремек-дела, меѓу кои се „Симнување од крстот“ и „Подигнување на крстот“ што се наоѓаат во катедралата на Антверпен.

Меѓу најпознатите дела на Рубенс е циклусот слики посветени на Марија Медичи, потоа Градината на љубовта, Адам и Ева, Грабнувањето на ќерката на Левкип, Битката со Амазонките, Три грации, Судот на Парис и Војводата од Лерме.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура