X
 03.10.2021 Образование

Најпопуларните бесплатни онлајн курсеви на сите времиња

Платформата „Клас централ“ ги следи бесплатните онлајн курсеви од 2012 година. Според нивните податоци до 2020 г., над 180 милиони луѓе слушале барем еден курс, а над 950 универзитети снимиле над 16.300 курсеви. Кои се најпопуларни?

Според „Клас централ“, секој од 11. најпопуларни курсеви на сите времиња бил слушан од над 1 милион лица. Најпопуларниот курс „Машинско учење“ бил следен од над 4 милиони лица.

Ова се најпопуларните 10 бесплатни онлајн курсеви досега:

1. Машинско учење од „Стенфорд“
2. Науката за благосостојбата од „Јејл“
3. Научете како да учите: Моќни ментални алатки кои ќе ви помогнат да совладате тешки предмети од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего
4. Вовед во компјутерска наука од „Харвард“
5. Програмирање за сите (Започнување со „Пајтон“) од Универзитетот во Мичиген
6. Вовед во компјутерска наука и програмирање со „Пајтон“ од Технолошкиот институт во Масачусетс
7. Англиски јазик за напредување во кариерата од Универзитетот во Пенсилванија
8. Подготовка за академскиот тест ИЕЛТС од Универзитетот во Квинсленд
9. Следење контакти на пациенти со ковид-19 од „Џонс Хопкинс“
10. Подготовка за тестот ТОЕФЛ: инсајдерски водич од Образовниот сервис за тестирање (ЕТС)

Овде може да најдете листа со најпопуларните 250 онлајн курсеви на сите времиња.

Извор: Class Central
Фото: Pxiabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование