X
 04.06.2019 Наука

120 години стара - првата снимка од затемнувањето на Сонцето

Првата видеоснимка од затемнувањето на Сонцето сега можете да ја гледате на „Јутјуб“. Видеото го прикажува затемнувањето, кое почнало непосредно пред Месечината целосно да го покрие Сонцето и траело сè до моментот кога не почнало да се движи.

Затемнувањето се случило на 28 мај 1900 година и било снимено во Северна Каролина за време на експедицијата на Британската астрономска асоцијација. Магионичарот Невил Маскелејн ја направил снимката користејќи телескопски адаптер на неговата камера, со што било полесно снимањето на затемнувањето.

Сè до моментот на објавувањето, снимката се чувала во архивите на Кралското астрономско друштво. Како што кажува астрономското друштво, ова бил втор обид на Маскелејн да го сними затемнувањето на Сонцето. Првиот негов обид бил во 1898 година, но филмот бил украден.

Би-еф-ај, добротворна организација што зачувува филмови, ги вратила оригиналните снимки во 4К квалитет, а снимката можете да ја гледате со резолуција од 720р на „Јутјуб“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука