X
 04.07.2021 Образование

„Јудасити“ нуди 193 бесплатни онлајн-курсеви од повеќе области

Технологијата ни ја олеснува комуникацијата и работата со децении, а од неодамна таа прави тектонски промени во класичното образование. Сè повеќе млади луѓе одлучуваат да развиваат вештини преку онлајн-курсеви наместо на класични студии.

„Јудасити“ е една платформа која нуди вакви онлајн-курсеви. На оваа платформа може да се слушаат и повеќе курсеви за да се добие диплома, за што се плаќа. Но многу курсеви се бесплатни доколку се следат одвоено од другите во студиските програми.


Фото: Pixabay

„Опен калчр“ пишува дека во моментов на „Јудасити“ има 193 бесплатни курсеви на разни теми. Може да се најдат курсеви за дизајн, програмирање, вештачка интелигенција, обработка на податоци, но и основи за создавање стартап и вовед во психологија.

Најдете ги сите 193 бесплатни курсеви на „Јудасити“ овде.

Извор: Open Culture
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование